ОСТРА РЕАКЦИЈА ПО НАСИЛСТВОТО НА КОНЦЕРТОТ НА ТЕА ТАИРОВИЌ
Концертот на Теа таировиќ од настан на годината за љубителите на странската фолк музика во Битола, прерасна во критика на улогата на безбедносните служби при одржување на вакви и слични манифестации кадешто се очекува и има масовно присуство на публика. Во случајов, малолетничка, тинејџерска публика.
Имено, по концертот на Таировиеќ во тепачка на алкохолизирани малолетници, двајца малолетници го завршиле своето летно уживање – прободени со остар предмет сега се хоспитализирани на скопските специјалистички клиники.
„Од град на Конзулите и Боемите пртворени сме во тежок кичерај и шунд“ – вели еден ФБ коментар, потестување дека „Во Хрватска шунд е забранет со закон“ вели друг, па градот се дефинира како „шабанарија“ , а настанот „панаѓур“.
Васко Мавровски, познат македонски актер и директор на детскиот театарски фестивал „Битолино“ во своја ФБ објава прави анализа:

„Ех моја Битола, едно малолетно лице се бори за живот! Каде? На концерт на Таировиќ! Свесно вршиме културен геноцид на своите деца, сите ние како родители, и знаете зошто, затоа што молчиме! На “певаљка” со амбиција да биде порно ѕвезда освен тепачка во алкохолизирана состојба на група малолетници ништо друго и не може да се случи. А баш мене вчера ме застана полиција “да дувам” ама кај Теичка на концерт немаше кој да контролира.
Е сега да прашам особено овие од советот што ги кратат средствата за култура, свесни сте дека единствената контратежа на овој шунд е Битфест? Знаете дека битолските музичари кои завршиле факултет и им се поклонуваат насекаде во светот ги избламиравме како никогаш досега, вакви малолетници ќе едуцираме за театар и ќе градиме здрави поколенија? НЕ!
Ама тезата дека проста раја лесно се раководи не престанувате да ја користите и злоупотребувате, чуму ви се изградени личности со сопствен интегритет, свесни сте дека со нив ќе треба да дебатирате и да ве толчат со аргументи…
Додека единствениот начин да се справите со интелектуалците е нивна лична деградација без ниту еден аргумент кичот и шундот ќе владеат во градот и ќе бидеме сведоци на вакви “грандиозни настани” со неславен крај.
Ја уништивте Битола, кој со неразумна и деградирачка политика кој со молчење.
Колку што прифаќаме компромиси толку заслужуваме убав и пристоен живот.
Се срамам од себе и од градО, оваа црна дупка очигледно нема дно. “
На крај додава и дека „Секој политички коментар без разлика на партиската припадност ќе биде избрашан, за нашите деца се работи.“
Концертот се одржуваше во Ракомоетно игралиште, а во организација на продукциската Балкан Медија.