Каматите за европските кредити во пораст
Европската централна Банка (ЕЦБ) в четврток ќе одлучува за натамошниот тек на монетарната политика, а според изјавите на претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, се очекува ново зголемување на клучните каматни стапки. Економистите и аналитичарите проценуваат и дека каматните стапки ќе растат барем уште некое време, додека инфлацијата не се приближи до целниот коридор, односно нивото од два отсто. – пишува македонскиот портал https://denar.mk/
Каматните стапки во Европа се во пораст од јуни 2022 година, и во моментов основата каматна стапка на ЕЦБ е:
-Главна стапка на рефинансирање: 4%
-Маргинална стапка на кредитирање: 4,25%
-Каматна стапка на депозитот: 3,5%
Ова дополнително ќе создаде проблеми во земји како Македонија кои своите долгови кон ЕУ мора да ги сервисираат според променливите каматни стапки кои се во континуиран порастат.

На редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на Македонија ( НБРМ), беше оценето дека „За стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа, водечките централни банки продолжуваат со затегнување на монетарната политика, но интензитетот е поумерен. Имено, од аспект на странската каматна стапка, на состанокот во јуни, ЕЦБ донесе одлука за зголемување на основните каматни стапки за дополнителни 0,25 п.п., во согласност со изгледите за одржување на инфлацијата на повисоко ниво подолг период од очекуваниот. В четврток се очекува повторно зголемување.
Поместувањата во изминатиот период во сегментите релевантни за монетарната политика се главно во согласност со очекувањата, но ризиците и натаму постојат. Од тие причини е потребна натамошна претпазливост при водењето на политиките, заради стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа.- се вели во соопштението на НБРМ од 20 јуни 2023г.
