Европскиот Евро идентитет ќе се менува
„По 20 години, време е да го разгледаме изгледот на нашите банкноти за да ги направиме поповрзани со Европејците од сите возрасти и потекло.- порачува Кристин Лагард, претседател на ЕвропскатаЦентралнаБанка (ЕЦБ)

Институцијата е во процес на анкета со европските граѓани за изгледот на новите евро пари. Анкетата започна на 10 јули , а ќе трае до 31 август 2023, а потоа следува конкурс за дизајн и избор. Новата серија Евра со нови теми и дизајн се очекува да бидат воведени во 2026 година. Анкетатае е отворена за сите европејци кои се во еврозоната – тргуваат со Евро.
Претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард ги поканува сите да учествуваат во истражувањето.Па вели: „Постои силна врска помеѓу нашата единствена валута и нашиот заеднички европски идентитет, а нашата нова серија банкноти треба да го нагласи тоа. Сакаме Европејците да се идентификуваат со дизајнот на банкнотите на еврото, поради што тие ќе играат активна улога во изборот на новата тема“.


Седумте теми на потесен избор од страна на Управниот совет на ЕЦБ опфаќаат : Птици: слободни, еластични, инспиративни – Птиците не знаат ништо за националните граници и ја симболизираат слободата на движење; Европска култура – Културата промовира заеднички вредности, вклучување и дијалог во Европа и низ целиот свет; Европските вредности пресликани во природата – Европа е живо место, но и идеја. Европската унија е организација, но и збир на вредности. Темата ја истакнува улогата на европските вредности (човечко достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото и човекови права) како градбени блокови на Европа и ги поврзува овие вредности со нашето почитување на природата и зачувувањето на животната средина; Иднината е твоја – Идеите и иновациите кои ќе ја обликуваат иднината на Европа лежат длабоко во секој Европеец; Раце: заедно ја градиме Европа – . Рацете градат, ткаат, лекуваат, поучуваат, поврзуваат и нè водат. Рацете раскажуваат приказни за трудот, возраста и врските, за наследството, историјата и културата; Нашата Европа, ние самите -Имаме свои приказни и идентитети, но делиме и заеднички идентитет како Европејци; Реки: водите на животот во Европа – Европските реки ги преминуваат границите.


Во објавата уште се вели : „Скратениот список на теми ги зема предвид предлозите дадени од мултидисциплинарна советодавна група, со членови од сите земји од еврозоната“.
Инаку, од 1999 година Еврото се направени првите монети, (ставени во оптек 2002г)чија заедничка страна ја дизајнирале Лук Лујкс (Luc Luycx) од Кралската белгиска ковачница и освен апоенот ( 10центи, 1 евро, 2 евра) го симболизира местото на континетот во светот. Националните страни беа дизајнирани од НЦБ на еврозоната во посебни натпревар, па така, на монетите од 1999 година може да се видат 15 земји членки на еврозоната, а на тие од 2008 година – цела Европа.

Фото насловна : Фото: Каталог на идејните решенија од 1996 година/ https://www.ecb.europa.eu/pub/pdf/other/euro_catalogueen.pdf