Воодушеви второто издание на „Фестивал на жетвата“ во Новаци
Викендов во просторот до Манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Новаци се одржа вториот по ред „Фестивал на жетвата’ – дводневен хепенинг на кој музичарите од „Мерак Меана“ . Влатко Лозановски, членовите на КУД „Новаци“ покажаа дека дневното сонце и ноќните горештини ништо не им можат.





Освен забавниот дел, содржи и едукативен и изложбен дел – присуствуваа и изложувачи на разни видови на земјоделска механизација, препарати, семиња и пестициди, локални производи, домашна традиционална храна, винарии….
„Во присутво на бројни гости,локални жители, изложувачи на земјоделска механизација, семенски материјал и вештачки ѓубрива, изложувачи на храна, мед, домашни тестенини и сл. – синоќа заврши овој фестивал, пишува градоначалникот на Новаци Стевче Стевановски.

„Oпштина Новаци е една од најголемите производители на храна во нашата држава а целосното информирање за важноста од сопственото земјоделско производство, вложувањето во ресурсите со кои изобилува Пелагонија, но секако и подигнување на свеста кај земјоделците за вложување и модернизирање на сопствените бизниси е од голема важност.“ – вели во својата ФБ објава денеска.

Фестивалот беше посетен и од бројни регионални политичари , градоначалници, бизнисмени кои излагаа и тие кои не излагаа, а во текот на денот неминовно била дискусијата за се позагрижувачките чекори на државата во светот, особено земјоделието што е главна економска гранка на жителите на Новаци.


„ Но за жал оваа година стратешките земјоделски култури постигнаа рекордно ниски цени и нашите производители доживеаја да работат со апсолутна загуба.- вели Стевановски и продолжува за општиот заклучок на присутните, дека „ Со ваквата земјоделска политика која ја креира сегашната влада доведено е во прашање производството на лебното жито кое претставува основа на земјоделското производство на секоја сериозна држава.За ваквата моментална состојба и сите други предизвици во земјоделството ќе имаме можност овие два дена да разговараме и бараме решенија. “ – вели градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.
Со оваа манифестација Општина Новаци се афирмира како многу важна алка која придонесува за производство на храна и развој на економијата во државата во услови на светска криза.