Поставувањето на предлогот за измени во Уставот на пленарна седница ќе покаже дали владеачките партии имаат двотретинско мнозинство за да ги реализираат ветувањата што ги дале по Европа
Насловот е генералниот заклучок за моментната политичка состојба во која се наоѓа власта во Македонија, денеска од Битола искажан и од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски. Тој повика веднаш да се стави точката на собраниска седница.
Предлогот за измени во Уставот на РМ во кој ќе бидат споменати и Бугарите, заедно со другите етникуми кои се дел од македонската нација денеска се разгледува на собраниската Комисија за уставни прашања. Ставовите на владеачките партии и опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасно спротивставен. Дискусиите на анлитичарите се движат во насока кон очекувано политички некоректно управување со овој процес вклучително негово одолговлекувуање.

„Јас ги повикувам, ако денеска заврши Комисијата за уставни прашања, да не чекаме, веднаш да закажат собраниска седница и да видиме дали имаат 80 (пратеника) или немаат. Ако не закажат, ако немаат , јас не гледам друга политика којашто оваа влада би ја оправдала во нејзиното постоење и треба час поскоро да го распуштиме Парламентот и да одиме на предвремени парламентарни избори.“- порачува денеска Мицковски како одговор на прашањето дали постои можност откако предлогот би стигнал на собраниска седница, седницата никогаш да не заврши.
„Имаме и за тоа стратегија иако очекуваме „европејциве“ ( така како што се нарекуваат себеси овие милионериве) да, бидејќи цело време тврдат, година дена наназад дека имале 80 пратеника , веднаш, да не ја развлекуваат седницата , веднаш да ја стават на дневен ред …“ вели Мицковски.

Поставувањето на ова прашање на седница пред пратениците политички подразбира дискусија и гласање, по што, политичката коректност на демократијата налага распуштање на владата, самораспуштање на парламентот, односно нови избори.
Во однос на денешната комисиска расправа, Мицковски анализираше : „Имам некое чувство дека денеска ќе заврши( таа седница). Таму се 17 пратеници, од кои пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се 7 , значи не сме таму мнозинство, а за да точката потоа се најде на дневен ред на пленарна седница потребно е да има мнозинство во оваа комисија, така што очекувам резултатот да биде 10 : 7, седум да бидат „против“ а 10 да бидат „за“.
Објасна: „Вчера имавме координација со пратениците, без ниту еден збор никој да каже во просторијата јасно беше дека зборуваме сите на глас, а тоа е дека уставни измени под бугарски дикатат нема да има. “