Мицкоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ од централниот буџет ќе реалоцира 46 милиони евра за 4 годишен мандат за капитални проекти за Битола, се што денес е блокирано ќе биде реализирано

Само пофални зборови има Мицковски за работата на битолската локална самоуправа,градоначалникот и комуналните претпријатија, а во однос на кризата во Советот, предлага трпение и работа до следните праламентарни избори, кога е уверен ценралната влас ќе ја има партијата и коалицијата што ги предводи, а тогаш градот ќе ја има поддршката што ја заслужува.


Всушност, денеска од Битола престедателот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека за претстојните парламентарни избори разговорите за коалицирање со партии ќе се водат токму на таа основа – повеќе средства од владата да бидат упатени кон проекти на општините.
„За мене секогаш е чест и задоволство да бидам овде во Битола, како што кажа и градоначалникот често сум овде и разговараме за сите актуелни теми, разговараме за предизвиците и разговараме за оние политиканства кои што се водат на локално ниво од страна на ново формираната коалиција Левица, Поинаку и СДСМ. Но, се надевам дека заеднички ќе ги надминеме сите овие предизвици и Битола ќе биде на битолачани, нема да биде ниту на Тони, ниту на Христијан, ниту на ВМРО, ниту на СДСМ. Битола е на битолчани и како така треба сите да се однесуваме зрело, одговорно, затоа што никој нема поголемо право од битолчани на Битола.“ – изјави Мицковски пред медиумите, давајќи јасно до знаење дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ја има високо на агендата Битола и внимателно ги следи настаните кои во моментов подразбираат формирано ново партиско мнозинство, во кое советничката група на ВМРО-ДПМНЕ иако со 13 советници неможе самостојно полноправно да одлучува.


Она што е добро за Советот е да функционира во насока кон добра за Битолчани и Битола и секој обид за политикантство не е добар, – вели Мицковски, оттука треба да се надминат суетите и да се седне и работи во интерес на градот. „Оваа новоформирана коалиција, не знам како, тотално неприродна помеѓу Левица, Поинаку и СДСМ одлучи да поддржи амандмани кои се за 50% повисоки од рамката дефинирана со министерството за финансии…За неколку месеи од денеска ќе има влада којашто ќе работи за интересот на Битолчани. И тогаш овие политички маргиналци коишто сакаат да бидат големи ќе бидат тотално незабележлив, затоа што преку централниот буџет, преку владата , се тоа што тие го опструираат денеска ќе биде реализирано. “
Сегашниот однос на централната власт кон градот го оценува како своевидно казнуваање на Битолчани.
„Сакам исто така да напоменам дека набргу од денеска за неколку месеци од денеска во Македонија ќе има нова реалност, ќе има нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и согласно нашиот основен план и нашата основна политика а тоа е реалокација на средства од централниот буџет назад кон општините. Според оној кое што го планираме и тоа ќе биде коалициски договор, доколку некој не се согласи со тоа ќе ја нема честа и можноста да биде со ВМРО-ДПМНЕ во коалиција, согласно тој план некаде 11,5 милиони евра годишно ќе бидат реалоцирани за проекти во Битола. Или тоа значи 46 милиони евра за 4 годишен мандат за капитални инвестиции и на тие средства се дополнително средствата кои што ги има општината планирано во својот основен буџет. Значи еден исклучително голем инвестициски циклус ќе биде за капитални инвестиции во Битола.“


Градоначалникот д-р Тони Коњановски, денеска домаќин на Мицковски информираше за сите проекти кои во моментов се реализираат „Она што го најавивме се работи за патна инфраструктура преку 25 километри, која треба да ја изведиме до крајот на година и тоа ќе го направиме. Се надевам дека и приликите во Советот на општината ќе се средат онака како што трева, на добробит на граѓаните и тоа е апел до сите, да работиме заедно за градот, зошто за тоа сме дојдени овде.“ – вели градоначалникот Коњановски.
„ Се наоѓаме на потегот на Офицерскиот дом, фактички зборуваме за партерно уредување на некои 2.100 квадрати кои ќе ја доформат целата структура на Офицерскиот дом, ова култно место овде за Битола и битолчани, инвестиција вредна над 20 милиони денари, со ново осветлување, со одвов, со надовнување, со сето она што значи партерно уредување на овој простор.
Бевме заедно со претседателот и со директорите на јавните претпријатија кои учествуваат во градбата и во изведбата на паркинг просторот пред спортската сала „Боро Чурлевски“, знаете тој објект е изграден 1975 година, некогашна спортска сала „Младост“ со самопридонес и оттогаш датира и паркингот кој е на тоа место. Ова локална самоуправа, велам со помош и на јавните претпријатија и на изведувачи го актуелизираа и ќе го комплетно ревитализира тој паркинг простор кој го изведуваме со нови 245 места за буквално сите структури на возила и корисници на услугите со нов влез од другата страна.


Влеговме и во спортскиот објект, дел заедно со јавните претрпијатија каде се вршат припремите за шампионатот и нашата гордост „Пелистер“ кој во септември месец фактички започнува натпреварите во лигата за шампиони.
Да напоменам дека само пред неколку дена бевте сведови улица Зборска се асфалтираше, за ден два очекуваме овие временски прилики малку и да стивнат температурите ќе се асфалтира СРУ во касарната, тоа е комплетно нова пробиена улица која според планската документација предвидена.
Се работи, да кажам она што не само во градскиот дел, него во руралните средини знаете Лажец, Егри, Логоворди се места во кои прв пат посе толку години се направија краци, нови краци, нови улици на добробит и секако на селаните и граѓаните на тој дел на Пелагонија кој тоа го бара секако тврдејќи дека тој начин да останат во нивните места.


Се работи истовремено и на новиот парк во Нова Битола, таму нискоградба, водовод, Комуналец е влезено исто како што овде да го оформат, веќе се гледат на новата паркова содржина која е тука.
Драгорска ни е исто отворена улица која се работи е при крај изведбата. Се работи исто така на локацијата на населбата Недопирливи, таму се 10 улици, скоро 2 километри или вкупно досега да напоменам дека во овој изминат период повеќе од 5 километри на патна инфраструктура се направени.“ – информираше денеска градоначалникот Коњановски.


1113

Задолжително

Verified by MonsterInsights