„ЕУ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ“- четирите најзагадени градови во Македонија со посредство на ЕУ ќе се трудат да го намалат аерозагадувањето

Битола, Скопје, Тетово и Куманово со посредство на мисијата на ЕУ во Македонија се здружија во заеднички проект за намалување на активното загадување на воздухот – намалување на емисијата јаглероден диоксид од традиционалните „мали“ загадувачи и активности насочени против штетните честички кои се последица на користењето фосилни горива. И според генералното гледиште и намера, овој проект треба да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во државата, особено во градовите Скопје, Битола, Тетово и Куманово, со цел да се намалат ризиците по човековото здравје. Парите за тоа ќе ги добијат од ЕУ.
Активностите вкучуваат : замена на застарените и неефикасни котли во 70 јавни згради низ четири градови, на површина од 200.000 м², делување кон намалување на загадувањето што произлегува од јавниот превоз, засадување на шест илјади садници во Скопје, Битола, Тетово и Куманово.

Фото: ЕК спроведува мониторинг на реализацијата на ЕУ зелена агенда https://environment.ec.europa.eu/strategy/zero-pollution-action-plan/zero-pollution-targets_en

Проектот треба да трае три години , очекуваните резултати се намалување на емисиите на штетните загадувачи како PM2,5 и PM10, намалување ( не целосно запирање ) на загадувањето кое доаѓа од старите системи за греење.
Од 2016 година Битола е на листата најзагадени градови во светот, а бројните студиипокажуваат дека аерозагадувањето резултира само со штетни последици. Во континуираното студиско испитување на влијанието досега познат е фактот дека 15% од смртноста на населението е во директна и индиректтна врска со аерозагадувањето, појавата на болестите на срцето и мозокот. Студијата на Институтот за јавно здравје од лани покажува дека во градот: нема организирано парно греење, најголем процент од домаќинствата се затоплуваат на огревно дрво, што заедно со нафтата и мазутот се на прво место меѓу аерозагадувачите; потоа е индустријата, како и производството на електрична енергија и не само од домашниот рударско-енергетски капацитет туку и електраните од соседна Грција, сообраќајот чие влијание е забележливо во зимските месеци но се одвива во континуитет , а потоа и остатокот од индустријата, во прв ред градежништвото.
За битолскиот градоначалник д-р Тони Коњановски, пристапувањето на градот кон овој европски проект ќе придонесе во веќе вложените и започнати напори за подобрување на состојбите околу животната средина во целост. Потсети:

-„Во Битола веќе се реализира проектот за зголемена енергетска ефикасност на колективните згради, но тука секако дополнително многу може да се направи преку реализација на проектите за топлификација и гасификција, подобрување на начинот на греење на јавните објекти, начинот на транспорт, соодветното планирање на просторот и друго.“-д-р Тони Коњановски, градоначалник на Битола. Во проектите кои ги реализифра Општината се и тие што ги спроведува со јавните комунални претпријатија – засадување на садници, создавање на нови зелени паркови, велосипедска патека.
Според проектот во Куманово, објавен на предвидени се следниве активности: подобрување на систем за греење на јавни установи, озеленување на простор преку садење на дрвја и поставување на мобилни мерни станици за загаденост на воздухот низ градот.

Фото: https://environment.ec.europa.eu/strategy/zero-pollution-action-plan/zero-pollution-targets_en


Европската агенда и поставените цели за намалување на загадувањето на обединетиот континент до 2030 одина опфаќаат: Намалување за повеќе од 55% врз здравјето на населението ( предвремени смртни случаи); Намалување за 30 % на уделот транспортната бучава во загадувањето на животната средина, со намера до 2023 процентот да стане 17%; 25 % намалување на изградените екосистеми кадешти загадувањето на воздухот го загрозува биодиверзитетот; Намалување на загубата на храна ( хранливи материи) за 50%; 50% Намалување на употребата ( и ризикот) од хемиски пестициди и поопасни хемиски пестициди; Намалуавње на продажбата на антимикробни средства за одгледувани животни и во аквакултурата за 50 %; Педесет процентно намалување на пластичниот отпад на море и 30% микропластика и Значително намалување на вкупното создавање на отпад со 50% намалување на комуналниот отпад.
Проценките за аквакултурата, комуналниот отпад и микропластиката сеуште немаат квантитативна и квалитативна проценка во западните земји од Европа.

Во зелената агенда на ЕУ за заштита на животната средина и намалување на изворите на загадување е и планот за трансфер на енергетските капацитети од фосилно гориво на обновливи извори, за што Битола и Битолчани веќе реагираа на социо-економскиот ефект поврзан со најважниот производствен енергетски капацитет во Македонија – РЕК Битола.

фото насловна : Општина Битола


1215

Задолжително

Verified by MonsterInsights