Во Крушево научна конференција за ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ

За вистината да остане вистина темелена на сериозна историска анализа, документи и факти, денеска во Крушево се одржува научна конференција со учество на истакнати македонски историчари , а во организација на Матицата на иселениците од Македонија.
Во својот проглас по повод големиот јубилеј и актуелните политички случувања, Матица на иселеници вели :

„Оваа година се навршуваат 120 години од ИЛИДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ кое е единствениот , најголем и најкрвав показ за потребата на македонското население да не биде манипулирано, туку самостојно и подготвено да се жртвува за својот сон – своја држава. За тоа сведочи и фактот што НИКОЈ и НИТУ ЕДНА од странските држави не се потрудил ниту да им помогне на Македонците за време на востанието, ниту да посредува за да се смири состојбата кога цели македонски села ( заедно со жителите) биле пеплосувани од страна на Османлиите. Затоа пак, после сите стравотии што се случувале во селата и градовите низ Македонија, емисари дотрчале да приберат некој поен како миротворци.


ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ претставува меѓник во македонската историја, темел настан врз кој се надѕидувала и надградувала катадневната исконска желба за слободна, независна и достоинствена македонска држава. За жал, денес слушаме за некаква „заедничка историја“ со Бугарите, во која требало да биде вградено и Илиденското востание. Доколку прифатиме дека и бугарскиот народ има свое право врз овој празик тоаш им го даваме правото да тврдат дека и тие НЕБАРЕ пролеале крв за нашата македонска земја и тоа во најсветот и најчистото востание т.е нашето историско срце.“


1279

Задолжително

Verified by MonsterInsights