Дел од домот за доенчиња ќе биде детска градинка

На површина од 460 метри квадратни, започнаа активностите за адаптација и реконструкција на дел од поранешниот Дом за доенчиња и мали деца, кој ќе биде наменет за детска градинка.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид во почетните градежни активности, каде во наредните 10 месеци треба да се изврши оспособување на дел од објектот во детска градинка, во која ќе бидат згрижени 70 деца.

Во август 2022 година, градоначалникот Коњановски и министерката за труд и социјална политика Тренчевска, потпишаа договор за финансиска поддршка, а од вкупно 10.273.344 денари, општината Битола финансира 30 %. По изработката на архитектонски проект и избор на изведувач од страна на МТСП, следува реконструкција на водовод и канализација, со соодветни технички и електрични адаптации, партерно уредување на дворот, пристапни патеки и нов пристап до самата градинка.

Извор: Општина Битола


1159

Задолжително

Verified by MonsterInsights