Започнаа градежните работи за кружен тек кај „ветеринарна станица“

Започнаа работните активности на улица „Прилепска“ со улица „Баталјон Стив Наумов“ (место викано кај Ветеринарната станица).

При увидот на терен, градоначалникот Тони Коњановски беше информиран за текот на активностите во овој дел од градот, за кој се предвидени средства во износ од 11.790.640 денари, во кои е вклучена канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување.

Со промената на режимот на сообраќај на овој потег од крстосница со сигнализација во крстосница со кружен тек, ќе се зголеми и безбедноста на возачите и сите учесници во сообраќајот. Ќе има и обележани паркинг места, за да не мора возачите да се „туркаат“ на триаголникот на среде крстосницата ( како и на насловната фотографија).

Според проектот предвидено е и соодветно хортикултурно уредување со зеленило за кое ќе се доведе и водоснабдителен систем, а ќе се постави и споменикот на Александар Турунџев, со што ќе се задржи и симболиката на историското минато на овој дел од градот Битола.

Извор: Општина Битола


1122

Задолжително

Verified by MonsterInsights