Од денеска 12 БИТОЛИНО – Следи ја светлината, следи го Битолино

Денеска започнува 12 издание на Интернационалниот детски фестивал „Битолино“ .
Оваа година под мотото „Следи ја светлината“ фестивалот ќе се одржи на сцените на НУ Центар за култура Битола а дел од настаните , надвор од натпреварувачката конкуренција, ќе се одржуваат на сцената на НУ Народен театар Битола.


Официјалниот старт на фестивалот кој од годинава пак има и натпреварувачки карактер ќе го означи театарската претстава “ЛАЖЕШ МЕЛИТА” – ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ СКОПЈЕ. А неформалниот старт е денеска во 11.00 часот , со театарската работилница МИТОВИ и ЛЕГЕНДИ ЗА БИТОЛА:
„Логистичка поддршка за фестивалот добивме од новоформираниот Македонски национален центар на детски театри АСИТЕЖ, Светската асоцијација за детски театри АССИТЕЖ и Асоцијацијата за детски театри од средна и југоисточна Европа ТЕАТАР ЕПИЦЕНТАР.- велат од Бабец театар, организаторот на „Битолино“.


„Бабец театар “оваа година по сопствена иницијатива заедно со НУ Театар за деца и младинци од Скопје го формираа Македонскиот национален центар АСИТЕЖ кој на ова издание на ИДТФ „Битолино“ ќе ја започне својата мисија за создавање на услови за брз и квалитетен развој на театарот за деца.“
Во својата најава за годинешното фестивалско издание велат – Свесни сме дека нема да биде лесно но наш единствен адут е квалитетот кој многупати сме го потврдиле.
„Бабец театар“ и покрај економската и идентитетската криза во театарот ќе продолжи да создава театарски претстави кои пред сé ќе бидат достојни за презентација пред нашата публика, претстави кои ќе допрат до секое дете и претстави кои ќе отворат нови полиња за размислување кај децата. Горди сме што создадовме една генерација на млади луѓе кои токму поради нас го засакаа театарот оваа година за прв пат пријавени се повеќе од 30 волонтери кој во своето мотивационо писмо навеле дека нивното детство било и е исполнето со претстави и настани на „Бабец театар“ и ИДТФ „Битолино“.


Брендот „Бабец театар“ цели 13 години успеа да опстане како професионален детски театар со 21 премиера и над 59.000 посетители и ИДТФ „Битолино“ на кој публиката (14.600) имаше можност да погледне 73 претстави од 40 театри кои во Битола допатуваа од 26 различни земји од 4 континенти, веќе се запишаа со златни букви во историјата на македонскиот театар и ќе направиме се оваа приказна да продолжи со нови проекти и радосни мигови за децата.
Фестивалот завршува на 7 , а организаторот информира дека следењето на сите театарски претстави е БЕСПЛАТНО, но , сепак за да бидете дел од публиката во големата сала на Центарот за култура што е со фиксен број треба да си подигнете влезници од посебниот штанд лоциран кај службениот влез на Центарот за култура.


ИДТФ Битолино е во организација на „Бабец театар“ а оваа година фестивалот повторно е проект од национален интерес во културата за 2023 финансиски поддржан од Министерството за култура и дел од Годишната програма за култура на Општина Битола за 2023 и составен дел од програмата на Битфест 2023. „ИДТФ „Битолино“ финансиски е поддржан од нашиот традиционален и официјален партнер Комерцијална банка АД Скопје а потпомогнат од Туристичките агенции Орбита и С-Травел од Битола. За успешна реализација на фестивалот со своите капацитети ќе помогнат НУ Центар за култура Битола и НУ Народен театар Битола. Медиумски покровител на Фестивалот е сајтот Cultural chat.“

Извор: Cch / Bitolino


1491

Задолжително

Verified by MonsterInsights