March 2, 2024

Oбјавен јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во програмата општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ” за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Битола.


Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.


Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признат од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци/ 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.


Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на: 13 образовни асистенти во средни училишта, 2 воспитувачи во детска градинка, 4 негуватели во детска градинка и 2 фасцилитатори во инклузивен центар за деца од ранливи групи.


Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање може да се добијат на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2023/08/Јавен-Повик-21-лицe-2023-.pdf

Извор: Општина Битола


1019