Словенија и невремето

Силното невреме што ја зафати Словенија комплетно го парализира нормалното секојдневие на граѓаните. Во околу 1000 инциденти , потрвдена е смртта на 3 лица, а спасувачките екипи интервенираа со хеликоптери и гумени чамци во обид да ги евакуираат сите зафатени со поплавите.
Сеуште на важност е Црвено хидролошко предупредување кое важи за сите реки во државата. Предупредувањето е издадено за северо-источна, северо-западна и централна Словенија. Без струја сеуште се 16.000 луѓе.


Како последица на поплавите, на 4 август на две делници беа затворени автопатот Горење и Штаерскиот автопат, а сообраќајот е дозволен и за возила без вињета. Затворени се и железничките врски Крањ-Јесенице, Руше-Пилберк, железничкиот тунел Бохињ и линијата Велењ. Поради поплавените патишта и железници, јавниот превоз на патници е отежнат. Неколку патишта, регионални и локални, исто така беа затворени, главно поради уривање на коловозот, лизгање на земјиштето, наноси од песок и кал или висока вода на коловозот. На Отлишке Врх е однесен мост. Затворени беа и повеќето патишта во Згорње Савињско.

Фото: поплавниот бран стигна и до Хрватска


Според податоците на Управата за заштита и спасување, за 12 часа учествувале 168 противпожарни единици во 1039 интервенции. Притоа, тие црпеле вода од поплавените згради, ги покривале лавините и ги отстранувале остатоците градежен материјаL, а ги извлекувале и поплавените возила кои се движеле со буицата предизвикувајќи поголема општа опасност.
Интервенции се случувале во сите поголеми и познати места: во Камник, Коменда, општините Марибор, Птуј, Крањ, Целје и Љубљана и во општините Дуплек, Старше и Словењ Градец . Денеска се спроведува евакуација на население во центарот на Целје, се планира евакуација и на пациентите од болницата во Бегуње во Горење.

Најлошо било во подножјето на Јулијанските Алпи од Идрија преку Љубљанскиот басен до Корушка, каде наврнале 150 до 200 литри на метар квадратен.

Извор вест/ фото: Радио Телевизија Словенија


1098

Задолжително

Verified by MonsterInsights