Денеска на „Битолино“ –мјузикллот „Знаци на север“ од Исланд и куклената претстава „Малиот џин“ од Мексико

Веќе започна третиот „Битолино“ фестивалски ден од 12 издание на Интернационалниот фестивал на театри за деца и младинци. Дневно ( вечерно ) на публиката и се нудат по две театарски претстави.
На сцената денеска од 19.30ч својот мјузикл „Исландска авантура“ ќе го претстави Групата за изведувачки уметности „Знаци на север“ од далечниот Исланд. Мјузиклот е во режија на Џени Лара Арносдотир.


Од 20.30ч , тие што синоќа ја пропуштија ( или сакаат повотрно да ја гледаат) изведбата на театарот „Мил Рострос“ од Мексико , ќе може да ја прослоцеат куклената претстава „Малиот џин“.
Од 11.00часот пак продолжува театарската работилница / мини школа за создавање на претстави насловена „Митови и легенди за Битола“.


Ја предводи режисерот Благојче Божиновски, а за медиумите вели „ Tеатарската работилница ќе трае 5 дена, претставува учење на театарскиот јазик и целосниот ама мини процес на создавање на театарска претстава, започнувајќи од драматизација на добро познатите митови и легенди за Битола обработени и од историски аспект, пронаоѓање на сценско решение за истите и создавање на финален продукт односно кратка претстава во која актери ќе бидат самите деца учесници на работилницата а ќе биде презентирана пред публиката на последниот ден од Фестивалот“, во амфитеатарот на летната сцена на Тумбе кафе.

Организаторот напоменува дека иако влeзот е бесплатен, претставите се одигруваат во Центарот за култура и БНТеатар кадешто има точно определен капацитет на седишта, па оттука , пред влегувањето публиката мора да подигне влезница од пултот поставен пред службениот влез на


1205

Задолжително

Verified by MonsterInsights