Пожари и ветрови ги вознемирија битолчани, јавните претпријатија се справија со последиците

Од кабинетот на градоначалнико информираа дека во текот на викендот се справувале со последиците од силниот ветер и дождови, а територијалната противпожарна единица пак, со десетина пожари за кои се сомневаат дека се намерно предизвикани од едно, познато лице.

„ТППЕ Битола, во текот на денот имаше 10 интервенции, од кои 7 пожари и 3 технички интервенции во Кукуречани, Могила и на улица Солунска во Битола. “- стои во информацијата.

Пожарот кој избувна во близина на детската градинка во населба Стрелиште, предизвика материјална штета на градинката, поради што градоначалникот контактирал со директорката на градинката за брзо преземање на потребните мерки.
Во селото Крклино, каде поради пожар на електрични инсталации, причинета е голема материјална штета и изгорени се 8000 бали сено. Заедно со екипите на ТППЕ Битола во Крклино, интервенирале и екипите на ЈКП Водовод.


Јавното претпријатие Комуналец, во попладневните часови со своите екипи интервенираа на расчистување на улиците, отстранување на паднатите дрвја и контејнери.
Од извршениот увид од страна на КЈП Нискоградба, не се констатирани проблеми поврзани со канализационата мрежа, но екипите се подготвени да дадат поддршка во интервенциите доколку се појави потреба и од нивно вклучување.
Продолжуваме да делуваме во координација со сите одговорни лица, со цел санирање на состојбите и евентуална дополнителна интервенција, доколку се појави потреба.

Извор: Општина Битола


1253

Задолжително

Verified by MonsterInsights