Ако можеш да го истрчаш Широк Сокак за 2,5 минути, конкурирај за полицаец

Големо внимание привлекува денеска огласот на Министерството за внатрешни работи за вработување на 600 нови полицајци во државата – од нив 15 работни места се во СВР Битола.
Не треба никаква претходна подготовка, но условите отвораат неколку прашања во насока дали конкурост има дискриминарачки основи кои одредена група ja става во повластена позиција?

Најпрвин, кандидатите треба да се помлади од 25 години. (?)

Машките кандидати треба да се високи најмалку 175см, а женските 165см. (?)

Треба да имаат завршено средно образование и, ако бидат примени, ќе посетуваат една година Центар за обука за полицаец.


Се друго се вообичаени општи услови за вработување во државните служби и органи во државава.
Селекцијата се спроведува во неколку фази, што ги води посебна комисија формирана од Министерството : – административна селекција на поднесената документација; проверка на моторички способности; психолошки тест; писмено тестирање ( општо-образовен) тест; интервју; безбедносна проверка и здравствени прегледи.


Моторичките способности не се едноставни: Машките кандидати треба да можат да направат 9 склека за 10 секунди, жените 6 за истото време; да скокаат од место во далечина минимум 220см односно 160см , машките 16 стомачни за 30 сек , а женските 12. Трчањето е посебна категорија: машките кандидати треба да можат да истрчаат „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,35 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 15 секунди и „трчање на 1500 метри“ за најмалку 5,25 минути. Женските кандидати пак треба да трчаат „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,50 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 18 секунди и „трчање на 800 метри“ за најмалку 3 минути.


Под претпоставка дека ништо од ова не може да (се) направи(те), проблемот може да се побара во конкурсот – дали е дискриминаторски?


Ограничената возраст на апликантите во основа е дискриминаторска и на групата до 25 години во делот „Заштитни механизми за одредени категории на лица“, Член 15 од Законот за заштита од дискриминација вели „ предвидување на минимум и максимум години за пристап до определени нивоа на обука и образование, кога тоа е објективно оправдано за постигнување на легитимна цел, а содржината на ова разликување не го надминува она што е неопходно со оглед на природата на обуката или образованието, или условите во кои тие се одвиваат и содржината на ова разликување не го надминува неопходното ниво потребно за постигнување на целтаи дава привилегирана позиција“. Но во огласот нема образложение за дискриминацијата по години, освен образложението дека ограниченоста со возраста се однесува на тие кои првпат сакаат да се вработат во Министерството.


Според светските стандарди, определувањето на возраста за вработување ( и отпуштање) е дискриминаторска основа, освен ако тоа не е поинаку пропишано со закон или барем некоја судска одлука. Возрасната дискриминација вклучува понеповолно постапување со апликантот или работникот поради неговата или нејзината возраст. Во САД на пример, со закон и судски одлуки возраста за пристапување кон безбедносни служби од секаков вид е 40 години.


И посебното барање за одредена висина ( 175см за машки кандидати и 165 за женски) е во основа дискриминаторско. Светот ги поврзува двата параметри заедно – висина и тежина. Но, македонскиот Закон за заштита од дискриминација не ги предвидува тежината и висината како дискриминаторски основ кај нас, згора со еден брз поглед по некои од повозрасните полицајци, јасно е дека во полицијата ја нема – ниту по висина, а особено не по тежина. И овде работодавачот ( огласувачот) треба да објасне зошто бара специфична висина, како би се избегнале сите сомневања за дискриминаторско огласување за вработување. Ама, во конкурсот, нема објаснување како потребата за специфичната висина е поврзана со работата, што би го оправдало ограничувањето.


Со овој оглас е предвидено и кандидатите да имаат завршено средно образование. Па според огласот, од било кое завршено средно училиште кандидатот кој ќе биде примен ќе оди на едногодишна обука во Центарот за обука – што не се води во листата средни училишта во Македонија.

За да нема недоразбирања, да се биде полицаец е една од најблагородните професии, укажува на храброст, како до крај спознаена одговорност, правдољубивост, и, способност за секојдневно справување со стрес, емоционална исцрпеност, ризик за сопственото и здравјето и животот на членовите на семејството.


1346

Задолжително

Verified by MonsterInsights