Тешка сообраќајна незгода кај местото „Камен Дол“
Од 06:40ч сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско е во прекин поради случена сообраќајна незгода на 500 метри од крстосницата “Камен Дол”.
Две лица го загубиле животот во сообраќајната незгода којашто, според првичните информации, настанала со верижен судир на четири возила.
Повеќе детали за сообраќајната несреќа од МВР најавуваат за подоцна во текот на денот, но од информациите што ги пренесува МИА и според кавадаречката Слижба за итна медицинска помош, потврдена е смртта на две лица, а три лица претрпеле тешки повреди.