September 28, 2023

Летниковец во с.Гермијан за подобро уживање на туристите

Општина Новаци во своите информации за активностите на градоначалникот Стевче Стевановски деновиве информира дека е направен е летниковец со јарбол во с.Гермијан како место за одмор, дружење и рекреација на мештаните и попатните минувачи.

Гермијан е македонско православно село, поголемиот број родови се македонски, но има и два српски рода. Селото се наоѓа во југоисточниот дел на Битолското Поле, во непосредна близина на границата со Грција. Во XIX век селото било дел од Леринската каза на Отоманското Царство. Според легендите за настанување на селото е таа која говори дека Гермијан е име од поновата историја. Селото било направено со доселување на Турци / Јуруци од мала Азија. По балканските војни овде било доселено српско население. Оттука и новото име на селото. Српските доселеници ги нарекувале бунарите за вода герами, па со текот на времето жителите на селото се нарекле Герамијци, па Гермијци, а селото Гермијан.

Црквата Св. Ѓорѓи е главната туристичка атракција. Претставува гробишен храм, сместен во западниот дел на Долното Маало (Долно Село). Тоа е еднокорабна камена градба. Има полукружен свод и влез од јужната страна, а украсена е со фрески и икони.

За време на Првата светска војна селото било на фронтовата линија, и црквата била целосно уништена. Во 1925 г. е обновена и живописана, а во 1990 г. е извршена повторна обнова.

Ваква урбана опрема се планира да се постави во повеќе населени места низ Општина Новаци.


1115