Толкувања на законски норми и инспекциски одлуки повторно доминираат во битолското политичко милје, откако Второстепената комисија за инспекциски надзор ја уважи жалбата на Габриела Илиевска во однос на начинот на кој постапувал Државниот инспекторат за локална самоуправа по нејзиното барање надзор врз работата и одлуките донесени на 26 седница на Советот на Општина Битола.


Денеска Илиевска, со селективен пристап кон медиумите, одржа прес конференција на која го искажа својот став во врска со известувањето од Општината дека на нивна адреса стигнал изветајот од второстепената комисија за инспекциски надзор. На прес конференцијата Илиевска информирала дека нејзината жалба на одлуката на Државната комисија за локална самоуправа е уважена. Поставила прашање зошто извештајот не бил објавен како другите, ама ( до објавувањето на оваа вест, Решението на воторостепената комисија уште го нема на ниту една социјална мрежа ниту партиски фб профил.


На што се жалеше Илиевска? Тие што имаа увид во предметот тврдат дека второстепеното решение се однесува на процедурални пропусти на првостепениот орган – Државниот инспекторат за локална самоуправа, но не и на нивната одлука во која се утврдени неправилностите.

Запрашан за овој извештај и денешната реакција на Илиевска, градоначалникот Тони Коњановски не посвети големо внимание, затоа што е на мислењето дека тоа е завршена работа иако одлуката е вратена на првостепениот орган, кое пред два дена го испрати до медиумите:
„Во врска со жалбата на Претседателката на Советот, Габриела Илиевска на решението на Државниот инспектор за локална самоуправа, Ве известуваме дека во доставеното решение од Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, наведени се формални недостатоци на актите донесени од инспекторатот во постапката на вршење на инспекцискиот надзор. Решението бр.08-528 од 18.05.2023 на Државниот инспекторат за локална самоуправа, се поништува и предметот се враќа на повторна постапка пред првостепениот орган (Државниот инспекторат за локална самоуправа).“
Понатаму, стои во известувањето испратено од Општината вели : „Во ниту еден дел од решението на второстепениот орган, не е утврдено или укажано дека, претседателката на Советот постапила исправно. “


Но, барањето ум од инспекции при јасни норми предвидени со Законот за локална самопурава , Статут на Општината и Деловник, ја стави административната работа во лавиринтите на државните служби кои по правило во државава се одолговлекуваат со месеци.


Поголемото внимание на политичарите сега е свртено кон Буџетот на Општината и можноста политички играрии и натаму да ја празнат општинската каса, без план за ефикасно прераспоредување на средствата и неизвесно продолжување на проекти кои се во своите почетни фази, а може да се реализираат до крајот на годината.


Три ребаланси на буџетот се предложија во 1,5 месец – едниот од градоначалникот во кој освен за проектите на Општината се предвидени и пари за професионалните спортски клубови со предзнак „Пелистер“ во градот; другиот од советниците кои со своите предлог проекти ја пробија буџетската рамка одобрена од Минитерството за финансии на почетокот на годината Овој вториот беше отфрлен од финансии, па градоначалникот минатата недела предложи нов, трет, во кој се вброија некои од предложените проекти на советниците. Општинската администрација, поделена во работни групи работела на третиот предлог буџет


„Направивме нов, рекомпониравме, уваживме некои од предлозите што беа доставени, за некои ќе разговараме на припремниот состанок, така што се надевам дека.. пак повикувам, да не одиме преку судските инстанци , овој град не смее да биде блокиран“ – вели градоначалникот Коњановски кому поголема грижа е работата на проектите за кои е избран отколку политичката сметка што тој ја претрпува со ваквото , како што тој вели, политикантсво на советниците, особено претседателката на Советот.
Д-р Коњановски уверува дека нема да има прекинување на проекти, особено инфраструктурните кои се најважни за граѓаните и вели дека најголемиот дел од проектите кои се реализираа досега се задржани, голем дел од неговата изборна програма е исто така задржана, но вкалкулирани се и новите предлози на советниците.“


Последниот предлог треба да се дискутира на следната седница на Советот на Општина Битола, но неизвесноста останува, затоа што Битола не може, а советниците досега не предложија од каде би можеле да најдат средства за да ги реализираат сите проекти и тоа до крајот на оваа година.
Политичката криза во Битола се движи од еден до друг извештај на првостепената и второстепената комисија на Државниот инспекторат за локална самоуправа,градоначалникот со досега изгласаниот буџет ги реализира проектите. Неформалната коалиција којашто ПОИНАКУ ја имаше најпрвин со партиите предводени од ВМРО-ДПМНЕ , а сега пак неформално со партиите предводени од СДСМ и Левица, ДОМ и ДУИ ја прави Општината и општинската администрација комплетно несигурни и, потенцијално нефункционална (и). Ќе биде ли Општина Битола и реално нефункционална ќе покаже времето, затоа што нужното официјализирање на коалиција е сведено на тројца советници на кои им е својствена герила акција, без стабилен пристап кон обврските кои ги презема Општината.

Извор фото: архива на ПелаНет/дгк


1205