Битолските пензионери повторно протестираа, бараат оставки од министерката Јованка Тренчевска и претседателката на битолскиот сојуз на пензионери Даница Петличкова

Најавија и реализираа: битолските пензионери вечерва пак одржаа протест на плоштадот Магнолија. Побараа оставка од министерката за труд и социјална политика и раководството на битолското Здружение на пензионери.
„Денешниот собир го сметаме за успешен, имаме континуитет на претходните два собири, овој е трет , се солидризираме и се усогласивме со барањата на здруженијата на пензионерите во сите општини во Македонија и, ќе истраеме до крај и ќе се собираме овде се до исполнување на нашите барања. Не е исполнување на барањето наместо 18.000 – 14.000 ( минимална пензија н.з), не е исполување на барањето наместо линеарното барање 3.000 – да биде 1.500 ден, не е исполнување на барањето да не задушат и дефокусираат. Ова се црвените линии не само на пензионерите од Битола , туку на пензионерите од цела Македонија – порача адвокатот во пензија Антонио Димитровски од импровизираната говорница за протестот со кој битолските / македонските пензионери го манифестираат своето незадоволство од државната политика за нивните пензии.
Денешниот протест на пензионерите во Битола заврши со барање оставка од сите директно поврзани со актуелните политики поврзани со статусот на пензионерите во Македонија.
„Сирењето и кашкавалот од денеска се поскапи за 100 денари ,…. секојдневно се поскапува се, а тие се „глуви“ – нашето раководство Даница Петличкова и Крсте Велевски. „Глува“ е претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија. И „најмногу глува“ е министерката за труд и социјална политика. Затоа , бараме нивна оставка.“ – рече Димитровски, како заклучок од гласните повици и реакции на присутните.

„Сите се бориме за исто, за правата на пензионерите на Република Македонија. Не смее да биде пензијата мизерна , да нема оправдувања од одредени структури, владини и од Здружение на пензионери дека „не можело законски“, дека “требало Уставен суд“, .. за мене чисти нереалности, до глупости. Јас сум 41 година во правната сфера, сиот работен век , јас ќе ви кажам дека Уставниот суд води постапки за уставноста и законитоста на одредени акти, а не да води постапка за енормното зголемување на платите на некои или за нашите мизерни пензии – по 9, 10 илјади до 14, 15 илјади земаат стотици илјади пензионери. Две третини од пензионерите се 330 илјади на ниво на република Македонија , 230 000 се мали или мизерни пензии. За тоа ние се соберваме и не се буниме туку го бараме нашето право од нашата држава од она што нам ни е дадено. И мораме да добиеме .“ – заклучи Димитровски


Во својата денешна реакција, повторно излегоа бројки : 50.000 потрошувачка кошничка во споредба со сегашните пензии од 13.000 денари и барањето минималната да биде 18.000 како барање за задоволување на елементарните потреби на пензионерот поединец не е нереално барање за државата во која функционерите земаат плати зголемени за 78%.
Вечерва од/ во Битола видливо беше чувството на навреденост од коментарите на министерката тренчевска дека политичка партија ги води во барањето на своите права. Имаа и своја порака до младите, да им се приклучат, за да ги придвижат нештата во корист на сите.
Порачаа дека ќе истраат во протестот се доо исполнување на барањата и, следниот собир го закажаа за вторник, 22 август, на Магнолија , во 19 часот.

Фото: ПелаНет


2877

Задолжително

Verified by MonsterInsights