Здружението на пензионери ги прифаќа барањата на тие што протестираат, ама ….
…. има одредени препораки, мислење и , во соопштението објавено на ФБ си има и најава на програмата :
Интегрален текст
Во врска со протестите на пензионерите со ниски пензии Извршниот одбор на Здружението на пензионери Битола,Новаци и Могила одржа седница на 14.08.2023 год. следните:
ПРЕПОРАКИ И МИСЛЕЊЕ
1.ЗП Битола заедно со Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и другите членки, континуирано работи и се грижи за подобрување на материјалната положба на корисниците на пензија,во соработка со надлежните државни органи. Една од основните задачи на Сојузот и на здруженијата на пензионери е подобрување на материјалната положба на корисниците на пензија,во соработка со надлежните државни органи. Особено внимание се посветува на корисниците на пензија со ниски пензиски примања..
- Како ЗП Битола ги подржуваме барањата на пензионери во делот за донесување на минималната пензија и одредување на висината, но исто така тоа препорачуваме таа да биде реална, финансиски издржана, во рамките на институциите и законот, без да го наруши пензискиот фонд и редовното исплакање на пензиите.
- Демократско право на секого е да протестира, но не ги подржуваме насилните неконтролирани протести од група пензионери кои недолично и насилно се однесуваат и влегуваат во просториите на Здруженијата на пензионери.
- Ги подржуваме Предлозите за зголемување на најниските пензии, кои ги подготви Сојузот и ги предлага да се решат во рамките на пензискиот систем, а не со посебен закон. Предлозите се доставени до Министерството за труд и социјална политика за нивно разгледување и постапување.
Со Законот за пензиско и инвалидско осигурување се врши усогласување на пензиите два пати во годината со 50%од порастот на платите и 50% од порастот на трошоците на животот во претходното полугодие, според податоци објавени од Државниот завод за статистика со директна примена од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија. - Во изминатиот период Сојузот во соработка со Министерството за труд и социјална политика и други надлежни органи, презеде повеќе активности за подобрување на материјалната положба на корисниците со ниски пензии и тоа:
-покрај пензијата беше доделувана и соодветна парична помош,
-беше субвенционирана електричната енергија,
- беа обезбедени пакети со прехранбени производи
-ослободување од плаќање на партиципација за болничко лекување за корисници на пензија чии примања изнесуваат до 14.500 денари,
- Како здружение на пензионери Битола сакаме на пензионерите да им објасниме каде се трошат парите од нивната чланарина која ја плаќа секој пензионер 170,00 ден.месечно, за кое прашуваат повеке пати
-140,00 ден. се однесуваат за солидарна помош на семејството во случај на смрт на пензионерот. Овие средства одат на посебна сметка во Пензискиот фонд, кој ги сервисира, и исплака и исклучиво се наменети за оваа намена и за ништо друго не можат да се користат.
- Од 30,00 ден. чланарина , 27,5 ден. се за здруженијата а 2,5, ден. остануваат во СЗПМ.
ЗП Битола Согласно годишната програмата за работа и финасиските средства во буџетот ги планира активностите во здружението за тековната година, а воглавно се следните:
Социјални пакети или ваучари за набавка на одредени прехранбени производи повеке пати во годината на пензионери со ниски примања.
Социјални пакети на пензионерите од руралните средини кои се осамени,изнемоштени и со ниски пензии.
Еднократна помош за пензионери со тешки здравствени заболувања
помош за набавка на огревно дрво и прехрамбени производи
Рекреативни патувања,( пролетни и есенски екскурзии)
Бесплатно месечно прегледување на крвта со три параметри (триглицериди холестерол и гликемија)
Учество на регионални и републичките спортски игри кои ги организира СЗПМ
Учество на пеачката група,, Сирма Војвода,, на Регионалните и републичките ревии на песни и игри, како и на други манифестации кои се одржуваат во Општина Битола и надвор од неа.
Режиски трошоци и трошоци за одржување на канцеларите каде е смесено здружението и пензионерските клубови.
10% бањско лекување во Негорски бањи.
Бесплатно изнајмување на книги од Градската библиотека
Одржување на едукативни работилници за болести од кои најногу боледуваат пензионерите лекување, исхрана и заштита.
Решавање на други проблеми кои ке се појават во текот на годината.
Здружението на пензионери Битола е отворено за соработка со сите пензионери и ги прифака иницијативите за подобрување стандардот на пензионерите, но тоа да биде преку институциите на системот.
Извор: ФБ страна Здружение на пензионери Битола