Цената на горивата повисока за 1,50 ден/лит
Цените на нафтените деривати во Македонија се зголемени.
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,592 (денари/килограм)
Регулаторната комисија за енергетика напоменува дека
„Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 15.8.2023 година.
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. “
Зголемувањето доаѓа затоа што
„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната
пресметка бележат во просек зголемување: кај бензините за 3,030%, кај дизелот за 2,482%, кај екстра лесното масло за 2,754% и кај мазутот зголемувањето е за 2,104%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,080% . “