Тетовчани денеска ќе протестираат – државата не ги гони вистинските виновници за пожарот во модуларната болница

„Сите несреќи од катастрофални размери коишто се случуваат во Македонија имаат една заедничка карактеристика која била дел од клучните настани кои довеле до катастрофата, а тоа е следново: Сите се случиле поради запоставување на обврските на оние на кои како заедница сме им дале полна доверба да управуваат со нас и заедничките добра. Запоставувањата предизвикале не само оштетувањето на заедничките пари и имот, туку личната корист толку преовладала, што запоставувањето на должностите отишло во такви размери што довело до чести настани со непотребна смрт и страдања на граѓаните.“
Параграфот е цитат од најавата на македонската новинарска истражувачка лабораторија ИРЛ и е најава на нивниот документарен филм за пожарот на модуларната болница во Тетово што се случи на 8 септември 2021 година, во екот на КОВИД 19 пандемијата и во кој загинаа 14 лица.
Тоа ги поттикна роднините на загинатите и граѓаните на Тетово да ја искажат разочараноста од правосудниот систем и незадоволството од начинот на управување со истрагата. За овој случај има обвинителен акт и пресуда но, наместо како што граѓаните очекуваа да се води истрага за пожарот и причините за пожарот, тетовското обвинителство одлучи да ги гони директорите и докторот одговорен за објектот, а обвинителството за организиран криминал пак сеуште ја спроведува истрагата за спроведениот тендер за правење на модуларната болница во Тетово.
Според тетовчани, виновни се поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот вицепремиеро Кочо Ангушев. Според нивното толкување, затоа што Филипче овозможил на фирмата „Брако“ на Ангушев да ја гради модуларната болница и веруваат дека нивна злоупотреба или само небрежност во изградбата на модуларната болница без технички прием и без противпожарна заштита доведе до кобната последица.


1272

Задолжително

Verified by MonsterInsights