Центарот за култура најавува богата културна есен и концерт на Лајбах на фестивалот Музика од светот

По исклучителните позитивни критики за организацијата на Илинденски денови , Центарот за култура денеска низ прес конфереција ја најави понудата на културни настани кои ќе го одбележат крајот на летната културна сцена и ја најавуваат културната есен.


Во пресрет на денот на независноста на Македонија, на 7 септември целовечерен концерт ќе одржи Крсте Роџевски, македонски пејач, гитарист и композитор, активен на авангардната „даунтаун“ сцена во Њујорк, САД. Неговите концептуални албуми изобилуваат со електроакустичен звук во комбинаиција со џез елементи. Соработката со Дуке Бојаџиев и режисерот Милчо Манчевски во филмска музика го подигна на повисоко ниво неговото музичко реноме.
Постпразнично пак, на 14 септември битолската и македонската публика ја очекива нов концерт на Битолскиот камерен оркестар со музика – обработка на хитови од 80 и 90 години на 20 век. Музика, којашто според денешната изјава на директорката на Центарот за култура Маја Андоновска, чија ера ја определи иднината на музиката во следниов век.


Од 23 до 29 септември Центарот за култура ќе биде центар на светските филмаџии: ќе се одржува 44 издание на Интернационаланиот филмски / кинематограферски фестивал „Браќа Манаќи “.
Октомври е месец традиционално препуштен на звуците од класичната музика низ Интернационалниот фестивал „Интерфест“. Во големата сала на Центарот за култура на 11 октомври се очекува голем концерт за кој Андоновска денеска рече дека ќе биде изненадување за битолскта и македонска публика, но , екслузивноста на информациите ја остави на организаторот.
Во октомври веќе во финале ќе бидат подготовките за уште еден фестивал кој е во организација на Центарот за култура – фестивалот на светска музика.
Всушност и успехот за потпишување на договор за концерт на групата Лајбах беше и поводот за прес конференцијата.
Атрактивната и на моменти во историјата контроверзна музичка група веќе ја започна промоцијата на својата светска турнеја во која се вбројува и Битола.


1235

Задолжително

Verified by MonsterInsights