Ненадејно невреме повторно удри по градинарските насади во Преспа
Фотографиите на Науме Јошевски се само мала претстава за оштетувањето на плодовите во ресенско.



Од Општна Ресен информираат дека општинска комисија за проценка на штети следната недела ќе го започне проценувањето на штетите од ова кракотрајно невреме со град.
Но, исплатата на штета за производителите на земјоделски и градинарски производи не е доволно и тие веќе стравуваат како ќе ја поминат годината.
Откупната цена на јаболката во последниве години не надминува од 8-10 денари, иако на малопродажните пазари може да се најде по цена и до 70 денари за килограм.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2023 година, откупот и продажбата на овошјето во споредба со 2022 година е намален за 38.2%. Во месец јули откупени биле 3.120 тона јаболка, а лани во истиот месец откупени биле 7.193 тона. Ова подразбира продолжување на трендот од првото тримесечие оваа година кога биле откупени 11.405 тона јаболка, споредувано со лани кога во првиот квартал биле откупени 15.268 тона јаболка.
Генерално откупот на земјоделски производи е намален за 2,1%, а продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано намалување за 4.5 %. Во пари, откупот и продажбата на земјоделски производи во Македонија изнесува 3. 254,746 илјади денари што во однос на лани значи намалување за 3.4 % .

Производителите од Преспа стравуваат дека овој тренд ќе продолжи и во „сезоната“ на јаболка, а со нанесената штета од градот кој на некои места оштети и стебла , цената на производот потенцијално ќе се намали.
Преспанските овоштари и претходните години имаа проблеми, но , силното невреме со град во 2019 година остави повеќе од 400 хектари насади на јаболко со оштетени стебла за кои проозводителите употребуваа дополнителни финансии да ги спасат од умирање.