Од КП Водовод денеска информираат дека нивни екипи денешниот работен ден го искористиле и за промена на славините на дел од градските чешми.


Летните горештини сеуште се присутни, но и да не се, дел од современото урбано живеење е достапната вода за пиење, која е и хемиски и бактериолошки чиста и, бесплатна.


Ова се нови временски славини за градските чешми, со што се отстранети дел од нефункционалните славини низ градот.


Од претрпијатието апелираат сите ние совесно да ги користиме овие чешми и , на граѓанската одговорност да се предупреди доколку некои ( туристи или странци н.з) неправилно ги користат или при употребата ги оштетуваат.
Од КП Водовод сеуште на сила е и апелот за рационално користење на водата со која граѓаните се снабдуваат преку водоводната мрежа.


1175

Задолжително

Verified by MonsterInsights