ОК ВМРО-ДПМНЕ НОВАЦИ ГО ПРОСЛАВИ СВОЈОТ РОДЕНДЕН
Во манастирот Св.Никола во Новаци на 24.08.2023 год. ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Новаци го прослави својот роденден во присутво на голем број гости. Меѓу присутните покрај домаќините имаше голем број на гости и од околните општини, како и градоначалниците на околните општини. На настанот говореа претседателот на ОК Новаци Илче Трајковски, градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски , а настанот го поздрави со пригоден говор и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓоргија Сајкоски.
Покрај церемонијалниот дел, настанот имаше и коктел, а сето тоа беше зачинето со одличната музичка група.
Во целина одличен настан, а ние можеме да му го честитаме роденденот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Новаци и да им посакаме уште многу вакви убави настани во иднина.