И старо и младо два дена на Бели ноќи
Последниот викенд од месец август е резервиран за Бели ноќи во Битола, кога Широк Сокак е обоен во сите бои, а Битолчани – во бело.
11 по ред на оваа музичка журка ги донесе Нокаут и The groove и DJ Ljubisha, DJ Acika .
Десетина години по својот прв настап во Битола, синоќа повторно дел од Широк Сокак во бело беше и ДЈ Моралес.
Кој успеа да резервира маса, успеа, кој не – се шеташе околу публиката. Други не ги напуштаа масите во околните сендвичари.
Двата дена изминаа во најдобар ред, со нови спомени за крајот на Лето 2023.
















