Временска прогноза

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Попладне во северозападните планински подрачја е можна изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 38 степени. УВ=8

Хидрометереолозите од УХМР за следните денови прогнозораат дека денес ќе се задржи сончево и многу топло време, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а преку ноќта и утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Дневните температури од утре ќе опаднат за неколку степени.


1130

Задолжително

Verified by MonsterInsights