30 седница на Совет – различните видувања на големите партии

Последната августовска работна недела започнува празнично, а советниците на последната седница беа единствени само во ставот да започнат работните групи кои ќе го врамат ребалансот на буџетот.

СДСМ Резиме на 30. седница на Советот на Општина Битола


„Ребаланс на буџетот на општината ќе има, ама по желба на граѓаните! Буџет со капитални проекти, не со трансфери кои не се знае каде завршуваат!
Работните групи утре започнуваат со работа! Еден и пол месец градоначалникот за џабе се инаетеше!
Разрешени досегашните и именувани нови членови на Управниот одбор на средното Техничко училиште како прв чекор кон одговорност за в.д. директорката за сите скандали што ги продуцираше изминатите месеци!
Коњановски нема поддршка да пренаменува европски пари за фиктивни проекти кои со секретарот Димитровски ги нарекуваат велосипедски патеки! (проектот Smart4You н.з)
Сите предлози од Сојузот на борци добија поддршка! ДПМНЕ и коалицијата не гласаа за спомен биста на Пецо Гудовски од инает за неговата внука Бисера Костадиновска Стојчевска!„

ВМРО-ДПМНЕ 30-та седница на Советот на Општина Битола:


„После 40 дена, барањето од 29-тата седница на советот на општина Битола на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за формирање на работни групи за општина Битола да има функционален ребаланс е прифатено од сите советнички групи.
Од 24.08.2023 нашите советници заедно со општинската администрација ќе пристапат кон измени на програмите.
Повторно СДС, ПОИНАКУ и ЛЕВИЦА на незаконит начин предложија резрешување на училишниот одбор во техничкото училиште. Сега на потег е Претседaтелката на Советот дали уште еднаш ќе го прекрши законот.
Жално е што СДС со поддршка на ПОИНАКУ и ЛЕВИЦА си играат мајтап со одобрениот европски проект и од точка на дневен ред ја тргнаа одлуката за кофинансирање на проектот за иградба на велосипедски патеки.
Градоначалникот ја има поддршката за изградба на велосипедски патеки од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како и мнозинство Битолчани.
СДС се изгубија во преводот од англиски на македонски јазик за изградба велосипедски патеки. Активноста во проектот се менува и на англиски гласи вака: Reconstruction of existing PARK building in Bitola with a new activity Building of a system of bicycle paths in the city of Bitola.
Знаењето е сила, знаењето е моќ! “

На дневен ред беа годишните програми и извештаи за работа на основните училишта кои функционираат на територија на општината, Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општината и неколку точки поврзани со ценовниците за одредени услуги на јавните комунални претпријатија. Беше дополнет со одлуки кои ги исправаат пропустите во формирањето на работните групи за врамување на предложените проекти во буџетскиот ребаланс, примање на донација од Амбасада на НР Кина, но и , разрешување и именување на членови на училишен одбор во средно техничко училиште, и исфлрање на точката со која се предлага измена во согласноста за кофинансирање на проектот Smart4You.


1394

Задолжително

Verified by MonsterInsights