April 16, 2024

Тешко се стигнува до Св. Богородица во с. Скребатно, охридско

Работите на државниот пат А3, делница превој Буково – Охрид и превој Буково – до Лева Река иако најавени денеска предизвикаа вистински застој и голема нервоза кај возачите кои во голем број се упатија кон познататата Црква Св. Богородица во Скребатно. Дел од нив испратија фотографии од сообраќајниот застој кој во континуитет се случува од 10 часот утринава.


Застојот го има кај семафорите кои се поставени за времено регулирање по една сообраќајна лента, кај Косел, кај Завој, кај тунелите , а откако ќе го изминете тој дел следува паника од мирисот на запален смет од ресенската депонија. Високите температури и ветрот уште повеќе ја комплицираат генералната состојба на овие сообраќајни делници – предизвик за возачите и нивните сопатници.

Фирмата БИОН ДОО Тетово известува дека на овој патен правез има измена на режимот на сообрачајот поради изведување на работи предвидени со проектот “Поставување на сообраќајна сигнализација и опрема на државен пат А3, делница Буково – Охрид, подделница Буково – влез во Охрид”. Работите ќе траат до крајот на февруари идната година.


Оваа година верскиот празник го продолжи викендот, па многубројни се автомобилите и камперите кои сообраќаат по овој пат. Оттука и револтот кај возачите кои сметаат дека фирмата изведувач можеше да одмара на овој ден, без разлика што празникот не е државен туку само верски.

Извор фото: К.М.Г


1044