Временска прогноза
Под влијание на циклонски систем придружен со атмосферски фронт денес времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Во Пелагонија температурата на воздухот ќе се движи од 18 до 30 степени Целзиусови.
Од утре ќе преовладува умерено облачно време со пониска дневна температура.
УХМР