April 16, 2024

Честитка од градоначалникот Тони Коњановски за Голема Богородица

„Почитувани сограѓани, Православни христијани,
Нека ни е честит големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, или Голема Богородица. Посакувам, овој празник пред се, да донесе добро здравје кај сите нас, разбирање, среќа, љубов и радост.
Достојно, заеднички да го прославиме Успението на Пресвета Богородица, како израз на благодарност кон мајката на спасителот Исус Христос, со желби за духовна почит, мир и благосостојба на сите нас.
Овој празник е посебен. Не потсетува дека жената, мајката Божја е посебно значајна во нашата религија, вера и семејни вредности. Празниците како денешниот, уште еднаш не потсетуваат дека треба да сме заеднички сплотени и да ги надминуваме предизвиците кои што се исправаат пред нас. Почитта, како основен столб на градење заедничка иднина, да биде наш благослов.
Исто така, упатувам честитка и за рударите, бидејќи денешниот празник е Ден на рударите. Нивната работа е од клучна важност во денешнината.
Нека е за многу години празнувањето на Успението на Пресвета Богородица.“


1132