September 28, 2023

Битолските пензионери денеска повторно протестираат, бараат поддршка од сите

Иницијативниот одбор на пензионерите од Битола и Новаци за денеска во 19.00часот повторно најавува протест против политиката на Владата во пензискиот систем и методологијата на пресметка на пензиите со која се соочуваат седум години.

Порачуваат дека ќе протестираат се додека не се реализираат нивните барања за линеарно покачување на пензиите, сега 3.500 денари за секој од преку 330 ијади пензионери во Македонија и минимална пензија од 18.000 денари.

Во својата борба за заслуженото право на пристоен живот образложуваат и дека разликата меѓу најниската и највисоката пензија во државата е 7 пати, и дека изговорите на надлежното Министерство за труд и социјална политика посочуваат на лошо водење на социјалните политики и контролата на платените придонеси.


1293