April 25, 2024

Учебната година ќе започне со штрајк на наставниот кадар ?

Во образованието се незадоволни од тоа што не им се почитува колективниот договор, од ниските плати, од најавените промени кои се против законот, па постои можност учебната година да почне со штрајк, вели Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат на образование и наука, за Радио слободна Европа.

„Револтот потекнува од најавените промени во секторот образование коишто не се совпаѓаат со законите. Револтот исто така е поради ниската потпросечна плата, а најголем е револтот на просветните работници поради непочитувањето на колективните договори.“

А тука е у проблемот со учебниците – ги нема.

повеќе на: https://www.slobodnaevropa.mk/a/gievski—postojat-ogromni-shansi-uchebnata-godina-da-zapochne-so-shtrajk/32565926.html?fbclid=IwAR1p0nWihCR2M2rWBlQW_lM3WPiSOz4nnr26h9nrvZrv92K-dWyTfM1ddSo

Проблемите во образованието будно ги следи и ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на оваа партија Христијан Мицковски е универзитетски професор. На новинарско прашање вчера во Берово за најавите за штрајк одговори : „ Наставно образовниот кадар наместо да се насочи на едукација на учениците, мора да се бори како да го преживее месецот поради ниските примања, односно како што вели тој додека на дневна основа владата дели милионски тендери во четири очи, стандардот на наставниците и професорите е на удар. А во исто време сведоци сме како владата на СДСМ и ДУИ на дневна основа дели тендери во 4 очи, на дневна основа се исплаќаат милиони за проекти кои што воопшто и не се случуваат, како што е оној фамозен проект за коридорите 8 и 10д, истакна тој. Почитувањето на колективниот договор кој што е преземена обврска од страна на владата, е основен предуслов за колку толку се врати достоинството кај овие луѓе. Но, за жал тоа не се случува, континуирано тие се жртва на манипулација од страна на владата. И јас како еден од нив, барам од страна на владата само да се почитуваат правата на наставно образовниот кадар и да се почитува Колективниот договор. Се останато е само обичен политички спин и една гимнастика која за жал се повеќе го прави тежок животот на наставниците и професорите и тие наесто да образуваат ќе се борат како да преживеат во месецот, дециден е Мицкоски.“

Пресметката на платата во образованието се прави така што коефициентот на сложеност се помножува со најниската плата . Тоа не се почитува, па така платите во образованието според пресметките на Независниот синдикат се за 2,5 пати помали од тоа што треба да биде.


1223