Нема одмор за ТППЕ и СВР – неколку настани го одбележаа продолжениот викенд
Денеска СВР Битола, ПС Битола до јавноста ја испрати информацијата за сообраќајната незгода што синоќа се случи кај Новаци.
Во соопштението се вели : „На 28.08.2023 во 20.08 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Маково, кај крстосница пред РЕК Битола, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд ескорт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(48) од Битола и товарно моторно возило „волво“ со албански национални ознаки, управувано од С.П.(66) од Република Албанија. Во несреќата, Г.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.“
По пријава од граѓани на местото била повикана и екипа на Територијалната противпожарна единица од чија интервенција ги објавуваме фотографиите.


ТППЕ Битола вчера и во неделата интрвенирале и кај објектите спроти железничката стаица во Битола. Некој решил да ги отстрани камионите кои повеќе години се паркирани таму и ги јаде забот на времето. Но, засега нема пријава кон некое лице во ПС Битола.


Полциските едници од СВР Битола денеска се фокусирани на физичкиот напад во Прилеп од прилепчанец врз лице од Скопје. Нападот се случил на ул. на ул.„Леце Котески“ кадешто полициски припадници интервенираат од вчера заради нарушување на јавниот ред и мир и физички пресметки на неколку лица. Денеска ја расчистува пријавата дека денешниот напад бил направен со остар предмет и на пријавителот му биле нанесени телесни повреди.

До крајот на полицискиот билтен од СВР Битола има уште за неколку кривично -правни настани :
На 28.08.2023 на ул„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола ги лишиле од слобода Д.А.(21) и Д.Б.(29), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив кај Д.А. била пронајдена и одземена марихуана.
На 28.08.2023 во ОВР Прилеп, Х.Г.А.(47) од Прилеп пријавила дека во Прилеп, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.08.2023 во ОВР Прилеп, Т.В.(48) од Прилеп пријавила дека нејзините малолетни деца биле физички нападнати од еден малолетник и неговиот татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Од ТППЕ (територијалната противпожарна единица) во Битола уште информираат дека во тек на продолжениот викенд имале интервенција на пожар во селото Маково. Интервенирале во најжешкото – пријавата ја добиле во 13.45 часот. Едно возило и екипа од 3 пожарникари успеа да го локализира и угасне пожарот во тој реон.




Фото насловна : mvr.gov.mk