КИЦ Битола го најавува крајот на летната концертна сезона
КИЦ Битола со два меѓународни концерти ја завршува летната концертна сезона.


Летната концертна сезона ја затвораме со два исклучителни концерти. Ви го претставуваме првиот од нив, насловен како „Птиците се враќаат“ во организација на Културен и информативен центар Битола во соработка со Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола и поддршка од Гете Институт – Скопје. Вечерва во 20.00 ч. во Свечената сала на Офицерски дом,настапуваа виртуозното дуо на македонскиот музички номад Јордан Костов на хармоника и Андреас Гинтер од Германија на пијано.

Вториот концерт кој ќе се случува на 30.08.23 во 20.00 ч. во Свечената сала на Офицерски дом во организација на Културен и информативен центар Битола на едно место собира една исклучителна меѓународна екипа на музичари, кои секој посебно претставуваат уметничка величина, а заедно ги зближува интересот и афинитетот кон root music или изворната музика на Јапонија и Македонија, доживеана низ уметничкиот сензибилитет на секој од нив, креирајќи единствена музичка форма, која се движи помеѓи традиција, амбиентална и world music, насловен како „Токио носталгија проект“ . Во секој случај концерт кој за вистинските сладокусци на музиката не смее да се пропушти. Ви го најавуваме „Токио носталгија проект“ со Јордан Костов на хармоника, Genzoh Takehisa на пијано , Hisao Fukushima на гитара , Andreas Gunter на саксофон (Германија) , Shin-ya Ohno на гајда, Nao Iizukа – флејта и вокал, Дамјан Грујо на перкашн.
КИЦ Битола во изминатиот период беше место на случувања на бројни културни настани од кои доминираа музичко сценските и ликовните настани. Оваа културна установа најавува богата есенска понуда.
Извор: КИЦ Битола