Пензијата на стечајците и старосната да биде законски определена минимална

Синоќа повторно пензионерите го искажаа своето несогласување со актуелната методологија за пресметка на пензии и нивниот раст.

По петти пат на плоштадот Магнолија се собраа пензионерите од Битола, Новаци и Могила и зборуваа за своите животи и низ пароли, говор и сериозни предлози го анализираа пензискиот систем.

Посебната работна група/ комисија којашто ја формираше Владата на предлог од Министерството за труд и социјална политика нема ниту еден од тие што веќе два месеци протестираат во државата, а и не очекуваат дека властите добро ќе го постават предлог Законот за минимална пензија.

Стечајните и работниците кои не стигнале до 15 годишен работен стаж да ја имаат минималната пензија од 18 илјади денари. Со оваа иницијатива ги отфрлаат најавите за посебни социјални пакети за најсиромашните пензионери. Ги отфрлаат и дебатите за правичност на солидарниот генерациски пензиски систем потсетувајќи на законската норма пензиите да ги следат промените во трошоците за живот / потрошувачката кошничка.

Коментарите на МТСП и политичарите за проверка на уставност на предлогот за линеарно покачување на пензиите ги отфрлаат како незнаење на правото или пак намерно одолговлекување на протестите кои се оправдани.

Не се согласуваат со предлогот на надлежното министерство од септември најниската пензија да биде 13 илјади денари, напротив остануваат на своите барања и велат дека ќе продолжат да протестираат и покрај обидите на власта да ги разбие. Дали ќе се помират со ваквата одлука?

Пензионерите и синоќа го завршија протестниот собир со протестен марш по Широк Сокак.

Извор видео : тв алфа


2232

Задолжително

Verified by MonsterInsights