По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Прилеп во содејство со Шумската полиција од Прилеп во околината на местата викани „Студенец” и „Дервен” пронашле три патнички моторни возила и три запрежни коли натоварени со дабово и буково огревно дрво. – информираат денеска од СВР Битола,з за активностите на ПС ОН Прилеп.

Дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Проблемот со бесправна сеча на шумите во Македонија е разбран како една од формите на организирано дејствување / криминал во рамки на делување против животната средина .

Според едно истражување на ЕВРОТИНК од 2020 година, на територија на Македонија до 2010 година бесправната сеча на дрвја немала никаква кривична или статистика на прогонување и судски пресуди. Од 2010 година до 2020 година од ЈП Македонски шуми, шумочуварските служби и полицијата до основните јавни обвинителства и судовите во Прилеп, Струмица, Велес и Гевгелија ( кадешто се спроведувало истражувањето) поднесени биле преку 20.000 пријави за бесправна сеча.

Според анализата „Таму се сече на сите страни, а згора на тоа, од Прилеп во последниве години има „експедиции“ и кон Велешкиот Регион. Месноста каде што се сече најмногу последните години се нарекува Дервен. Дервенската точка е најкритична и претставува своевиден мост за премин во
велешките села Степанци и Смиловци. Групата што сече во Дервен и преминува кон Велес, живее и дејствува во градот Прилеп и дрвата најчесто завршуваат таму. Може да се каже дека во далеку помали количини се сече и во јужниот дел на мариовските шуми, меѓутоа таму главниот мотив на сечата е за огрев на семејствата што живеат таму и кои се во поодмината животна возраст.
Бесправна сеча има и на планината Бабуна, од вториот профил групи, кои организирано се протегаат сè до Богомила. Оваа група живее во прилепските села и најчесто на нелегален начин се снабдува со дрва и ги продава во прилепските села.“

Ваквите настани се случуваат и при забрана за движење во шумите којашто е на сила и покрај широката надлежност на шумочуварската служба и брзите интервенции на полицијата.

Од СВР Битола, ПС Прилеп денеска информираат и за пожар кој вчера ги вознемири Прилепчани.

Во информацијата се вели дека вчера нешто по пладне (12.50ч) во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во индустриска зона во Прилеп настанал пожар на стрниште, кој се проширил и зафатил две патнички возила. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна
единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Фото насловна : одземање на бесправно исечени дрва, сопственост на ЈП Македонски шуми


1222

Задолжително

Verified by MonsterInsights