September 28, 2023

Во Битола притворени лица за кои постои сомнеж дека нелегално поседувале дрога

СВР Битола информира за приведување на две лица во Битола поради сомнеж дека нелегално поседувале дрога .

Денеска на ул.„7 Јули“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода С. Н.(47) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. – велат од ПС Битола.

И вчера, на 29.08.2023 на ул.„Охридска“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката
полиција при СВР Битола го лишиле од слобода З.Б.(29) затоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и други предмети со траги од прашкаста материја.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


1127