September 28, 2023

96 санкции за сообраќајни прекршоци на територија на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (30.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола санкционирани се 96 возачи, меѓу кои 30 мерки за возење повеќе од дозволената брзина и тоа 20 во населено место и 10 надвор од населено место, 23 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за непрописно паркирање.

Изречени се две санкции за користење на мобилен телефон при возење, две мерки за некористење на сигурносен појас, седум санкции за управување под дејство на алкохол….
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

СВЕ Битола апелира до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за сите ние заедно да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Фото насловна: mvr.gov.mk


1079