April 25, 2024

40 години во спомен ги слушаме песните на Сашка Петковска

Повозрасните генерации Битолчани денеска се потсетуваат на шокот што го доживеаја пред тоќно 40 години кога се дозна информациајта дека македонската најпопуларна пејачка Сашка Петковска го загуби животот.
На пат за концерт на припадниците на ЈНА во Свети Николе, во сообраќајна незгода Петковска заедно со тројца членови на танцовата група Авона Вељко Павичевиќ (26), Петранка (27) и Евдокија (23) и уште 5 припадници на тогашната армија.
Нашата најпозната интерпретаторка на популарна музика Сашка Петковска е родена во Битола на 7 април 1951 година. Почнала да пее со група во Битола и набрзо настапила во Италија на познатиот фестивал во Сан Ремо, во неговиот дел за млади пејачи Кантаџиро, на кој освоила трето место. Настапувала со голем број познати солисти како Кичо Слабинац, Нови фосили, Здравко Чолиќ, Седуммина млади, а соработувала и со нашите најпознати автори на популарна музика, С. Димитров, К. Костов, Д. Масевски и други. Во нејзина чест фестивалот СИ-ДО , наградата за најдобра интерпретација ја насловил по Сашка Петковска.
Сите овие и други податоци младата генерација ги научи од културната манифестација „Незаборав“ и челникот Панде Димитровски, кој не случајно во 2010 година ја започна промоцијата на подзаборавената македонска музичка сцена токму со делото / песните на Сашка Петковска. Во својата кариера остави препознатливи песни кои ја карактеризираат македонската музичка ризница на поп и шлагерска музика.


1395