April 25, 2024

Могилските училишта подготвени за ученици

Во пресрет на новата учебна година градоначалникот на Могила Драганчо Саботковски направи увид во активностите кои изминатиов период се превземаа за подобрување на условите во воспитно-образовниот процес во основното училиште ,,Кочо Рацин”- Ивањевци.


За само една година комплетно е променет надворешниот и внатрешниот изглед, училиштните дворови се чисти, тампонирани и уредени со зеленило. Заменети се сите дотраени столчиња со нови столчиња и нови клупи за учениците.


Комплетно се санирани фасадите на училиштата во Ивањевци и Долно Српци и поставен е седум метарски јарбол со македонско знаме во централното училиште.
Заменети се старите искршени и прегорени рефлектори со нови LED рефлектори, исто така заменети се 170 прегорени неонки со нови кои обезбедуваат нормална светлина за учениците и вработените.

Старите и дотраени табли се заменети во сите училишта, исфарбани и обележани се и спортските терени.


Санирани и исфарбани се подовите и ѕидовите во училиштето во Лознани и Св.Тодори.
Во тек се и активности и во подрачното училиште во Трновци за санација и поставување на плочки во училишниот ходник.


„Секогаш ги поддржуваме нашите училишта во активностите кои ги превземаат со цел подобрување на условите во воспитно-образовниот процес.“- вели Саботковски.


1101