April 25, 2024

На 1 септември владата дискутира дали да се вратат историја, географија…учебници нема, плати по колективен нема

Од 1 септември до 18 јуни ќе трае школската година, учебници нема, за платите на наставниците ќе се дискутира
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска преку прес конференција ја најави учебната 2023 / 2024 година.


Новина во однос на учебната година за задолжителното основно и задолжителното средно образование во Македонија е што годинава ќе има т.н Пролетен распист кој ќе трае од 29 април до 5 мај (ден на македонската азбука и јазик) .
Проблемот со учебниците ќе биде карактеристика и оваа година – ги нема воопшто или допрва ќе се печатат или во најдобра среќа (по учениците) ќе ги има до крајот на учебната година ( како лани).


Шаќири најави дека третоодделенците ќе ги добијат на почетокот на септември, а шестоодделенците на крајот од месец септември. Причина за тоа вели е процедурата којашто министерството мора да ја следи – учебниците (нивната содржина) треба најпрвин да биде одобрена од Националнат акомисија, потоа има рок за жалбена постапка, па тендер за печатење, па печатење и на крај дистрибуција. Постапкава завршила само за учебниците за трето одделение.
Шаќири денеска информираше дека нема информација односно дека владата нема решение за својата одлука за спојување на предмети и што со наставниците кои го губат законски определениот фонд на часови за да добијат плата.


„Дискусијата се отвори со новата концепција по предметот општествени науки каде имаме спојување на предметите историја, географија, граѓанско образование. Се однесува само за една учебна година, само за шесто одделение, само за реализација на тоа во овој дел на учебната година. Бирото изготви, според нашите насоки и протестите, јас побарав да се изготви техничко решение. Фондот, годишен фонд на часови на наставниците по географија, заради тоа што во годишниот фонд не влегуваат само шестоодделенците, туку и седмо, осмо, деветто одделение. И другите години кадешто има предмет географија, е ист со претходните години, што значи дека нема да има проблем со фонд на часови – рече Шаќири. И додаде: „Во делот на распределбата на часовите, некои училишта го имаат завршено, некои се во дискусија, и за наставниците по географија и по другите предмети ги повикувам и нив и родителите да ги разгледаат кои се учебните програми за изборните предмети. Да не постапуваат директорите според изборните предмети, туку да одлучуваат децата и родителите да ги достават предлозите како да се одлучува за тие предмети.“
„Дискусијата е дали да се вратиме на старата концепција по Кембриџ или да продолжиме по новата концепција, од технички аспект “– рече Шаќири на најавата на почетокот на школската година.
За наставниците најави плати повисоки за 35%, но и за тоа треба да се разговара со припадниците на синдикатите во образование.


1175