МОН си прави злоупотреба на набројувања во законите за образованието

Комисијата за образование и наука на најголемата опозициска партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ во своите анализи на состојбите непосредно пред школската година ги има во фокусот учебниците.

Велат : „На само 2 дена пред почеток на учебната година МОН се пофали дека ќе имало учебници, ама само оние кои ги одобрила Националната комисија. Дополнително оние учебници кои се во постапка, конкретно тие за VI одделение ќе се испорачаат во текот на месец септември, од што произлегува дека учебници за сите ученици ќе НЕМА!. Па со што се фали МОН? Со нешто што треба да се подразбира? Треба да се подразбира дека учебници ќе има и тоа на 1 – ви Септември.
МОН ни збор не кажа за Насоките за планирање, организација и реализација на наставата од 1 до 6 то одделение во 2023/2024 година.
Целиот дел за учебници и материјали за учење е спротивен на ЗОО, Законот за Бирото за развој на образованието, Законот за учебници во основното и средното образование и на Законот за Педагошка служба.
Дали на овој начин се преземаат надлежностите дадени со Закон на педагошката служба? Дали на овој начин се прикрива одговорноста на министерот и на директорот на педагошка служба за ненавременото обезбедување на задолжителните учебници??
Во член 24 од Законот за учебници во основното и средното образование е уредено дека секој ученик на почетокот на учебната година добива комплет на бесплатни учебници.
А во насоките е уредено дека „Во услови кога учебниците не се навремено обезбедени (повлечени се од употреба поради неквалитет, постапката за нивно одобрување не е завршена, или нема заинтересирани автори), за да им се олесни учењето на учениците, Бирото за развој на образованието изработува материјали за учење.“
Исто така во насоките е уредено дека „Наставата по сите предмети не се базира на учебник, туку на наставната програма – наставникот на часот не реализира лекција од учебник туку активности кои водат кон постигање на стандардите за оценување од наставната програма. Учебниците може да се користат на часовите само доколку содржат вежби или други активности што се предвидени за работа на час, каков што е случајот со учебниците од 1. до 3. одделение.“ Во член 2 од Законот за учебници во основното и средното образование е уредено дека „ Учебник, во смисла на овој закон, е основно наставно средство и извор на знаење за остварување на воспитно-образовните цели утврдени со наставниот план и програми на основното и средното образование.“


Освен што се спротивни на наведените закони, Бирото ги пречекорува своите надлежности и на тој начин врши злоупотреба на средствата дадени со буџетот или на средствата од заемот од Светска Банка, кој е земен за унапредување на основното образование, а не за уништување, и кои средства ќе треба да ги враќаат даночните обврзници на Македонија.
Дрскоста на Бирото оди дотаму што со насоките спротивни со наведените закони никој не е потпишан кој ги изработил, туку ново поставениот вд директор на БРО ги носи со Решение за кое ниту има правна основа ниту било каква законски пропишана наделжност, а и воедно се повикува на Закон за средно образование кој е во фаза на донесување????
Дали ова се Насоки на Комисијата за образование на СДС која „соработува“ со БРО и МОН?“

Вака поставени ( и цитирани ) делови од законите кои објаснуваат постапка или исклучок , а генерално поставуваат правило како мора да биде и фактот дека не се почитуваат укажува на насловот – дека МОН си прави злоупотреба на објаснувања во законите.


1150