Како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, во 30 различни општини се организира акција за донирање на школски прибор, една од тие општини се разбира е и Битола.

Како УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола, во соработка со Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола и ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, во претходните два дена имавме штанд каде битолчани уште еднаш докажаа дека постои човечноста во нив и донираа школски прибор.

Новата учебна година е извор на детска радост, но сепак никогаш нема да заборавиме дека за некои семејства е сериозен предизвик. Во текот на наредните денови овие донации ќе бидат проследени до семејства кои имаат најголема потреба од нив.

Добрината е најдобра форма на човечноста! 📚

#БидиХуманБидиУМС


1253

Задолжително

Verified by MonsterInsights