На 9 Септември 1913 година започна Охридско-Дебарското востание

На денешен ден 9 Септември 1913 година и официјално започнува едно од најголемите востанија на македонскиот народ, предводено од ВМРО.
Ова востание е еден од првите плодови на револтот на населението на новите окупатори после потпишувањето на Букурешкиот договор и распарчувањето на Македонија.
Името на ова востание е Охридско-Дебарско востание.
Во востанието покрај македонското население масовно учество има и албанското население од западна Македонија предводено од своите првенци кои биле во јасна и отворена соработка со ВМРО.
Востанието започнува на денешен ден, со ослободување на градот Дебар и воспоставување на народна власт во која учествувале и Македонци, но и Албанци и Турци.
После неколку дена востаниците успеваат да ги ослободат од српска власт и градовите Охрид, Струга и Кичево, со планови за понатамошно ширење кон Битола и Прилеп.
Востанието е задушено со ангажман на целата кралска српска војска, но и дополнителни 100.000 мобилизирани српски војници, како и ангажман на кралската грчка армија.
ПИШУВА: ИЛИЈА ДИМОВСКИ
