September 28, 2023

БИТОЛА ПОДГОТВЕНА ЗА ПОЧЕТОКОТ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Со натпреварот помеѓу македонскиот првак, ракометен клуб Еурофарм Пелистер и норвешкиот Колстад, во среда, спортската сала „Боро Чурлевски“, ги отвора вратите за натпреварите од Лигата на шампионите. Општина Битола, ги заврши потребните инфраструктурни активности, согласно пропишаните европски стандарди. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, посака многу среќа и нови успеси за битолскиот, македонски клуб РК Еурофарм Пелистер:

„Завршуваат подготовките во спортската сала „Боро Чурлевски“, пред почетокот на новата Лига на шампионите. Со интензивна работа од страна на Општина Битола и во соработка со јавните претпријатија, приватните фирми и активна вклученост на приватниот партнер кој е дел од клубот, ги исполнивме потребните, високи европски стандарди. Со дуелот меѓу македонскиот првак, нашиот РК Еурофарм Пелистер и норвешкиот првак Колстад, во среда спортската сала „Боро Чурлевски“, ги отвора вратите за Лигата на шампионите.

Нека ни е среќно и успешно битолчани!

За нови големи достигнувања во ракометот!“, изјави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.


1116