Музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“ на 13.09.2023г. во Битола

Музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“ што содржи 12 македонски патриотски песни, што ќе ги исполнат 12 изведувачи, сите со нови современи аражмани, со потписот на познатиот музичар и композитор Николче Мицевски, беше промовиран на јавноста.

  • Го означуваме стартот на нашиот музички проект „Македонијо во срце те носиме“, што содржи 12 преработки на едни од најубавите македонски патриотски песни, што ќе ги отпејат 12 изведувачи. Желбата ни беше да ја прегрнеме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното, музичкиот аманет кој ни го оставиле генерации пред нас. Во овие турбуленти времиња кога не негираат како народ, го негираат нашиот јазик и идентитет, сакаме да покажеме дека имаме свое минато. Целта е да заживеат убавите патриотски песни, посебно меѓу младите, рече Бојана Скендеровска на промоцијата.

Сузана Спасовска, Наум Петревски, Зуица Лазова, Миел Кузмановски, „ДНК“, Огнен Здравковски, Александар Тарабунов, Андријана Јаневска, Мина Блажев, Марија Спасовска и Ламбе Алабаковски се дел од имињата кои се најдоа на овој проект.

Дел до песните што се преработуваат и се во фаза на снимање се: „Налеј, налеј“, „Заветна“, „Земјо македонска“, „Народе македонски“, „Послушајте патриоти“, „Ој Вардаре македонски“ и други. Безвременските песни ги испеале доајените на македонската народна музика, нивните изведби се ненадминливи и тимот се потруди автентичноста да остане, но да има свој печат со цел младите генерации да запомнат нашето музичко богатство.

Проектот ќе биде промовиран со концерти низ Македонија, а концертот во Битола ќе се одржи на платото на Офицерскиот дом на 13.09.2023 год со почеток во 20:30 часот. Завршниот концерт ќе биде во Скопје.


1140