Тања и Новица промовираа две песни со спотови

Татјана Лазаревска и Новица Вассилевски како во добрите стари времиња во четвртокот вечерта ( 7-ми септември 2023) ги собраа колегите, пријателите, најблиските и новинарите на дружба во познатата „Камин Кама„ меана на нивниот колега Трајче „Мајка“ Толевски, на задничка дружба, која беа промовирани две нови песни.
Како што ветија така и направија, Тања и Новица ја исполнија мисијата во престојот во татковината, и на публиката им подарија две нови нумери, кои и тоа како ќе допрат до публиката. Песната „Љубов ни е име“ сите имаа можност да ја слушнат на последното издание на „Охрид фест“, каде ја добија новинарската награда, а ја отпејаа во дует, кој претставува нивен втор заеднички проект. Втората песна е насловена „Жена хероина“, поп фолк балада, која ја извеува Тања, во која нема жена која нема да се пронајде.
„Кога ја добив песната на прва се воодушевив, се расплакав. Песната е моќна балада, со многу силна порака и сигурна сум дека во неа нема жена која нема да се пронајде“, рече Тања.
Втората песна е „Љубов ни е име“, и е песна која е завршена во Австралија и стоела во фиока, чекајќи го моментот да ја здогледа виделината на денот и допре до слушателите.
„Песната е олицетворение на нашата љубов, нашата врска, нашиот брак, рече Новица“.
